Бремена новинарка од Јемен загина во експлозија на автомобил

Од:

Бремена новинарка од Јемен загина во градот Аден, откако нејзиниот автомобил експлодирал.

Новинарката Раша Абдула ал-Харази била во автомобилот со нејзиниот сопруг Махмуд Амин ал-Атми, исто така новинар, кога возилото експлодирало.

Ал-Атми ја преживеал експлозијата, но се здобил со сериозни повреди, пишува Си-Ен-Ен.

Министерството за човекови права соопшти дека Ал-Харази е во деветтиот месец од бременоста, а саудискиот ТВ канал Ал Арабија објави дека новинарката е нивна вработена.

Синдикатот на јеменските новинари соопшти дека станува збор за „целен“ напад, но засега ниту една група не ја презела одговорноста.

Аден е привремено седиште на владата поддржана од Саудиска Арабија која се бори против бунтовниците поддржани од Иран. Илјадници луѓе беа убиени во граѓанската војна во Јемен, што ја турна земјата во хуманитарна криза.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Хутите нападнаа брод во Црвеното Море, екипажот е евакуиран, се трага по исчезнат морнар

Хутите соборија уште едно скапо американско беспилотно летало, се фотографираа со влечки на дронот

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен