Брегот на Слоновата Коска ја затвори копнената граница кон Гвинеја и кон Либерија со цел да го спречи ширењето на ебола на нејзина територија.
Брегот на Слоновата Коска претходно го забрани воздушниот сообраќај кон Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја.
Во последната недела регистриран е значителен раст на инфицирани лица од ебола во либериската област Нимба, која се наоѓа на границата со Брегот на Слоновата Коска.
Филипинските власти денеска им наредија на своите 115 војници да се вратата од мировната операција во Либерија поради еболата.
Дел од африканските држави ги игнорираат препораките на Светската здравствена организација (СЗО) и воведуваат рестрикции на патувањата во и од земјите каде се појави еболата – Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне и Нигерија.
Според СЗО, од март годинава, кога е идентификувана во Гвинеја, од ебола починале 1.427 луѓе, а заразени се 2.615.
СЗО повеќе пати нагласи дека не препорачува рестрикции на патувањата и трговија со земјите каде има ебола бидејќи тоа може да предизвика недостиг на храна и други неопходни производи.