Бразилскиот претседател Лула кон средината на месецот патува во Кина

Од:

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг на 14 април, соопшти неговиот кабинет во петокот, откако средбата беше одложена минатата недела поради пневмонија на Лула. Лула ќе оди во Кина на 11 април и ќе се држи до првичниот план, кој вклучува потпишување на дваесетина договори со најголемиот трговски партнер на Бразил.

Целта на патувањето е да се унапредат односите со Кина и да се привлечат нови кинески инвестиции во јужноамериканската земја. Средбата меѓу двајцата лидери ќе се одржи два месеци откако Лула се сретна со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа. Бразил се залага за прагматичен надворешнополитички пристап на рамнотежа со двата најголеми трговски партнери и покрај растечките тензии меѓу нив.

Лула ќе го посети и Шангај, каде на 13 април ќе учествува на инаугурацијата на поранешната бразилска претседателка Дилма Русеф, негова политичка сојузничка, која ќе стане извршен директор на Новата развојна банка на групата БРИКС, која ги обединува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република и посакуваат да и се придружат и другите земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски