Бразилската полиција тврди дека не се пронајдени телата на британскиот новинар и староседелецот

Од:

Бразилската федерална полиција денеска соопшти дека не се точни информациите дека телата на британскиот новинар Дом Филипс и староседелецот експерт Бруно Переира се пронајдени во амазонската џунгла.

Во соопштението на полицијата се наведува дека досега е пронајден само биолошки материјал и предмети од исчезнатите, како што претходно беше најавено, пренесуваат британските медиуми.

Претходно бразилскиот портал G1, повикувајќи се на сопругата на Филипс, објави дека денеска се пронајдени телата на Филипс и Переира, кои исчезнаа пред повеќе од една недела во џунглата.

Во неделата беше пронајдена облека на Переира, со лична карта на негово име, како и ранец со облека на Филипс и чизмите на двајцата мажи.

Очевидци изјавија дека ги виделе двајцата како патуваат по реката на 5 јуни.

Двајцата мажи тргнале на новинарска задача во оддалечената област на џунглата, на границата на Бразил со Перу и Колумбија, каде што се наоѓаат повеќето нерегистрирани членови на домородни племиња. На тој простор има банди кои шверцуваат кокаин, а е полн со шумокрадци и ловокрадци, како и диви копачи на руда.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск