Полицијата во Рио де Женеиро со употреба на солзавец растера околу 300 лица кои синоќа протестираа против Светското фудбалско првенство во Бразил, обидувајќи се да влезат во безбедносната зона околу познатиот стадион „Маракана“, каде се одигра финалниот натпревар меѓу репрезентациите на Аргентина и Германија.
Претходно, полицијата употребила лут спреј против група демонстранти кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон околу „Маракана“, со цел да не им дозволат на посетителите да се доближат до стадионот.
Рекорден број од 26.000 полицајци и војници беа ангажирани во Рио де Женеиро да ја гарантираат безбедноста на финалниот фудбалски натпревар на Мундијалот.
Демонстрантите не се согласуваат со големите суми кои се потрошени за организирање на Светското првенство за сметка на општествените услуги и социјалните трошоци.