Бразил: Поддржувачите на Болсонаро ги блокираа патиштата по неговиот пораз на изборите

Од:

Возачи на камиони во Бразил лојални на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро ги блокираа патиштата низ земјата, по неговиот изборен пораз од левичарскиот ривал Луис Инасио Лула да Силва.

Демонстрантите ги блокираа улиците во сите држави, освен во две држави, што влијае на снабдувањето со храна, пренесе Би-Би-Си.

Изборната администрација на Бразил во неделата соопшти дека да Силва од левичарската Работничка партија освоил 50,8 отсто, победувајќи го Болсонаро, кој освоил 49,2 отсто од гласовите.

Болсонаро не го призна поразот ниту ги оспори резултатите и се стравува дека претседателот во заминување може да го искомплицира периодот пред Лула да положи заклетва на 1 јануари 2023 година.

Возачите на камиони кои го поддржуваат Болсонаро почнаа да поставуваат блокади на патиштата веднаш по објавувањето на изборните резултати.

Федералната полиција до синоќа пријавила 342 вакви инциденти на автопатиштата, а најголеми протести имало на југот на земјата. Полицијата подоцна отстрани дел од блокадите.

Многу возачи на камиони имаа корист од пониските трошоци за гориво за време на администрацијата на Болсонаро. Судијата на Врховниот суд Александар де Мораес вчера и нареди на полицијата веднаш да ги растера демонстрантите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата