Бразил: Користени луѓе како жив штит во грабежи на банки, загинаа три лица

Од:

Вооружена банда денеска изврши напади врз неколку банки во еден бразилски град, користејќи ги локалните жители како жив штит. Напаѓачите пукале кон полицијата, а зад себе оставиле експлозивни направи. Најмалку три лица загинаа во нападите, изјави висок претставник на државната безбедност.

Биле ангажирани повеќе од 350 полицајци кои користеле два хеликоптера, а двајца напаѓачи се уапсени.

Инцидентот се случи во Арасатуба, град со околу 200.000 жители во сојузната држава Сао Паоло, и е најнов во серијата насилни грабежи на банки во Бразил.

Експертите сметаат дека бразилската програма за помош на сиромашните во текот на пандемијата на Ковид-19 ги ​​охрабри разбојниците да извршат дрски напади во помалите градови во внатрешноста на земјата, каде што филијалите на банките сега чуваат повеќе готовина.

– Повеќе од 20 тешко вооружени лица го извршија нападот, користејќи 10 автомобили, изјави на прес-конференцијата извршниот секретар на воената полиција на државата Сао Паоло, Алваро Камило.

Тој истакна дека се случиле два одделни судира со полицијата, при што загинале три лица, меѓу кои двајца локални жители и еден од напаѓачите.

Камило ги повика жителите на градот да не ги напуштаат своите домови додека не се најде и деактивира експлозивот.

Според соопштението на воената полиција, додека разбојниците бегале, тие го користеле локалното население како жив штит и палеле автомобили, оставајќи експлозивни направи низ целиот град.

Во соопштението се додава дека двајца напаѓачи се уапсени, како и дека на еден минувач, кој бил повреден во експлозија, му била ампутирана ногата. гт/

This is wild!
Next level robbery in Brazil.

A gang ransacked three banks, took hostages & tied them to the hoods & roofs of cars to prevent the police from opening fire. pic.twitter.com/qyg1SENOfq

— JodiAnne (@JodiSAnne) August 30, 2021

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск