Бракот под принуда првпат станува кривично дело во Англија и Велс

Од:

Бракот под принуда од денеска првпат во Велика Британија станува кривично дело, откако стапи во сила новиот закон со кој, засега само во Англија и Велс ќе се санкционираат сите вакви случаи.

Според одредбите на законот, присилувањето некого да стапи во брак е противзаконско и за него е предвидена затворска казна до седум години.

Уште од 2008 година, британските судови можеа да преземаат определени мерки против ваквите случаи, но дури сега може да судат и да пресудуваат за присилните бракови кои се многу честа појава во редовите на бројната муслиманска заедница во Велика Британија.

Претставник на владата во Лондон изјави дека новите законски прописи, секоја година, ќе заштититуваат „илјадници потенцијални жртви“ не само меѓу британските муслимани, туку и меѓу Британците кои се присилуваат на вакви бракови во странство, а најмногу во азиските муслимански земји.

Само минатата година се регистрирани 1.302 случаи на присилни бракови, изведени во договор на родителите и роднините, а без согласност на невестите, а понекогаш и на младоженците.

Обично станува збор за договорени бракови или за семејни договори со продавање на младата или на потенцијалнот младоженец.

Во 82 отсто од минатогодишните случаи, за кои знаат британските власти, жртви на ваквите бракови биле жените, додека во 18 отсто тоа им се случило на мажи. Во 15 отсто од браковите под принуда, станува збор за девојки или момчиња помали од 15 години.

Во вакви бракови, биле вклучени припадници од 74 разни држави, но далеку најмногу од редовите на муслиманската заедница од Пакистан.

Дури 43 отсто од минатогодишните принудни бракови се поврзани со Пакистанци, 11 отсто со припаднци од индиската, а 10 отсто од бангладешката заедница во Велика Британија.

Активистите на организациите и групи за заштита на правата жените, како и за човековите права, го поздравија стапувањето во сила на новите британски прописи.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он