Браќата Царнаев планирале напад и на Њујорк

Од:

Осомничениот бомбаш Џохар Царнаев и неговиот брат Тамерлан планирале да постават бомба и во Њујорк, по нападот кој што го изведоа во Бостон, соопштија официјалните лица во САД.

Како што пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на анонимен извор од безбедносните сили, планот на браќата Царнаев по киднапирањето на возач на џип во Бостон, бил да заминат во Њујорк, каде што поставиле седум бомби.

Агенцијата тврди дека тоа на агентите од ФБИ им го пренел Џохар, кој се наоѓа во болница, каде што се опоравува од повредите здобиени при дводневното бегство од полицијата.

Неговиот постар брат Тамерлан загина во претходиниот судир со припадниците на специјалната единица.
До планираната акција не дошло, бидејќи возачот на киднапираниот џип успеал да побегне, додека Царниеви купувале гориво на пумпа во Бостон.

Американското обвинителство официјално го обвини Џохар Царнијев за терористички напад, за што му се заканува смртна казна.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он