Боуен: Израел се подготвува за копнена инвазија во Газа

Од:

Откако ќе завршат посетите на странските лидери, очекувам да започне копнена инвазија, изјави меѓународниот уредник на Би-Би-Си Џереми Боуен.

Новинарот се наоѓа на границата меѓу Израел и Газа.

Посетите за кои тој зборува се веќе остварени на германскиот канцелар Олаф Шолц и на американскиот претседател Џо Бајден, како и денешното пристигнување на британскиот премиер Риши Сунак во Тел Авив.

„Интересно е што вечерва Џо Бајден треба да зборува од Овалната соба“, рече Боуен.

„Тие ќе го заокружат барањето за повеќе пари за Израел во барање за повеќе пари за Украина. И можете да видите како настаните и посетите се здружуваат. Сојузниците доаѓаат тука во Израел – САД, Германија и сега Британија, исто така член на Советот за безбедност. Видовме војници и тенкови на границата овде од каде што известувам. Резервистите последните денови добија слободно време да се одморат, да се видат со нивните семејства. Така еднаш тие посети, каде што Израелците ќе мора да ги објаснат нивните планови, завршија, целосно очекувам Израел да изврши копнена инвазија на Газа“, рече Боуен.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рахаф

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Пронајдени се телата на уште тројца заложници во Газа

Најмалку 35 Палестинци загинаа во Појасот Газа

Вафа: 20 лица загинаа во воздушен напад врз бегалски камп во Газа

Израел брутално ја напаѓа Газа додека советникот на Белата куќа е во регионот

Горан Наумовски