Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Од:

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека им наредил на воените команданти да планираат напад на холандска фабрика во март 2021 година за да обезбедат пет милиони вакцини за Ковид-19 за кои Европската Унија се закани дека ќе ги забрани извозот во Велика Британија.

Џонсон рече дека тогашниот заменик-началник на одбраната на Велика Британија, генерал-полковник Даг Чалмерс, му кажал дека ќе биде возможен напад со помош на мали чамци за да се премине Ла Манш и да се плови по холандските канали – но го предупреди на дипломатските последици.

Според Џонсон, Чалмерс – кој оттогаш се пензионирал од армијата – му рекол дека нема да биде возможно да се изврши мисијата неоткриено и дека „ако бидеме откриени ќе мора да објасниме зошто напаѓаме долгогодишен сојузник на НАТО“.

„Тајно се согласив со она што сите го мислеа, но не сакав да кажам гласно: дека целата работа е лудост“, вели Џонсон во извадок од неговите мемоари објавени во саботниот весник „Дејли мејл“.

Ниту британското Министерство за одбрана ниту Чалмерс – кој моментално ја извршува функцијата претседател на владиниот Комитет за стандарди во јавниот живот – сè уште не ги коментирале изјавите на Џонсон.

Спорните вакцини против Ковид беа развиени од Универзитетот во Оксфорд и AstraZeneca, но дозите беа произведени од подизведувачи во Холандија и Велика Британија.

Во март 2021 година, вакцините беа широко користени во Британија, но дозите произведени во холандската фабрика сè уште чекаа одобрение од ЕУ.

И Британија и ЕУ имаа договори со AstraZeneca за вакцините и ЕУ се обиде да ги задржи готовите вакцини во холандската фабрика за нејзина идна употреба.

Џонсон – кој победи на изборите во декември 2019 година со ветување дека ќе ги заврши долготрајните преговори за излез од ЕУ – рече дека верува оти претставниците на ЕУ дејствуваат под притисок на францускиот претседател Емануел Макрон.

„По два месеци залудни преговори, дојдов до заклучок дека ЕУ се однесува со нас злонамерно и пркосно… затоа што го вакциниравме нашето население многу побрзо отколку тие“, рече Џонсон, кој беше принуден да ја напушти функцијата во 2022 година по скандали, вклучително и прекршување на правилата за карантин поради болеста Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Борис Џонсон: Уверен сум дека Трамп ќе помогне да се стави крај на војната во Украина

Борис Џонсон доби осмо дете: На својот син му даде необично име

Борис Џонсон ќе пишува мемоари за периодот додека беше премиер на Велика Британија

А1он

Надеж во справувањето со Ковид-19: Имунолошката меморија сугерира крај на пандемијата

А1он

Годинава го означи почетокот на крајот на пандемијата на Ковид-19, што не очекува во 2023 година

А1он