Борис Џонсон: Над половина милион луѓе ја примија првата доза на вакцината на Фајзер

Од:

Повеќе од половина милион луѓе ја примија првата доза на вакцината на Фајзер/Бионтек во Велика Британија, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

На прес-конференција на денот кога повеќе од 40 земји ги прекинаа сообраќајните врски со Велика Британија поради појавата на нов вид на коронавирусот во таа земја, Џонсон рече дека ја разбира нервозата во другите земји.

Тој ннагласи дека британската Влада дејствувале „штом била информирана“ за појавата на нова варијанта на вирусот, јави Би-Би-Си. Тој, сепак, изјави дека постои „многу мал“ ризик возачите во камиони што стојат во пристаништето Довер и не можат да го продолжат патот кон Европа да го шират коронавирусот.

Џонсон исто така рече дека училиштата може да бидат повторно отворени во јануари, но дека тоа ќе зависи од ширењето на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон