Борис Џонсон: Лекарите се подготвуваа да ме прогласат за мртов

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон откри дека лекарите се подготвувале да прогласат негова смрт кога му се влошила состојбата додека минатиот месец на интензивна нега се бореше против коронавирусот.

Тој исто така рече дека добил „литри и литри кислород“ за да остане жив.

„Беше тежок момент, нема да одречам. Бев свесен дека се подготвува план за вонредна состојба. Тие имаа стратегија да одговорат на смртта по „сталинистичко сценарио“, рече Џонсон во интервјуто за Сан.

Тој вели дека реалноста за неговата состојба го погодила кога бил поврзан со монитор и префрлен на интензивна нега.

Британскиот премиер додаде дека резултатите од анализите на крвта „постојано биле во погрешна насока“ и дека сфатил во тоа време дека нема лек за Ковид-19.

Џонсон се врати на работа во понеделникот, еден месец откако беше утврдено дека е позитиввен на новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Џонсон за Путин: „Објасни му на тој еб*н идиот дека Русија не е империја“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Имавме договор со Украина, но се појави човекот со „добра фризура“, вели Путин

Катерина Ѓуровски

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски