Борис Џонсон ке ја посети Москва во наредните недели

Од:

Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, во следните неколку ндели ќе ја посети Москва, соопшти денеска Форин Офисот.

Во рускиот главен град, Џонсон со својот домаќин, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ќе разговара за билатералните односи меѓу двете земји, како и за ситуацијата во Сирија и во Украина, за што Лондон и Москва „ и натаму имаат големи разлики“.

Во соопштението се вели дека датумот на посетата и другите детали ќе бидат дополнително објавени.

Портпаролот на Форин Офисот, подоцна, објасни дека посетата „не е редовна и вообичаена“ средба на двајца министри, па затоа Џонсон во разговорот со Лавров „ќе остане на цврстите позиции, таму каде постојат разликите“.

Британските набљудувачи во Лондон не очекуваат посетата на Џонсон на Москва да предизвика промена на позицијата на Велика Британија кон Русија.

Борис Џонсон е првиот британски министер кој по пет години ќе престојува во главниот руски град.

Минатата недела тој престојуваше во Киев, каде анексијата на Крим ја оквалификува како илегална и инсистираше полуостровот да и биде вратен на Украина.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски