Борис Џонсон е „клинички стабилен“, но се уште на интензивна нега

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон е „клинички стабилен“ на Одделот за интензивна нега и реагира на третманот против компликациите што го следат Ковид-19, јавија денеска британските медиуми,додавајќи дека дека во моментов во британската јавност се нижат прашањата поврзани со функционирањето на британската Влада за време на неговото отсуство од функцијата додека е во полн ек кризата со коронавирусот.

Џонсон, кој од пред две недели е позитивен на коронавирус, во неделата беше примен во болницата „Сент Томас“ во Лондон, а во понеделникот беше префрлен на Одделот за интензивна нега, бидејќи состојбата нагло му се влошила.

Џонсон (55) вчера примал кислород, но не бил приклучен на респиратор.

Привремениот заменик, шефот на британската дипломатија, Доминик Раб, вчера изјави дека премиерот е „борец“, како и дека набрзо повторно ќе биде на кормилото на владата, во време кога нивната земја и светот се соочуваат со една од најголемите здравствени кризи во векот.

Даунинг Стрит соопшти дека Џонсон не работи, но, доколку се покаже дека треба, може да комуницира со функционерите.

-Премиерот и натаму е клинички стабилен и реагира на медицинскиот третман. Тој е во добро расположение, изјави неговиот портпарол Едвард Аргар.

Би можело да ве интересира

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Масовно затворање пабови во Англија

А1он