Борел: Русија се обидува да ја оцрни демократијата во ЕУ

Од:

Русија активно се занимава со дезинформации за да ја оцрни демократијата во ЕУ и да ја ослаби меѓународната соработка, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во својот говор пред Специјалниот комитет на Европскиот парламент за надворешно мешање во демократските процеси на ЕУ. Тој вети дека ќе ги засили мерките за спречување и одбивање на злонамерната активност против Европската унија, пренесува Дојче веле.

Кампањите за ширење лажни и погрешни информации се особено поразителни во време на пандемијата, бидејќи тие навистина можат да ги загрозат животите на луѓето, рече шефот на европската дипломатија.

– Сведоци сме на про-Кремљ канали кои шират обвинувања дека носењето маски е бескорисно или ги подгреваат „гласовите против заклучувањето“, рече Борел. Неодамна, целта на ваквите акции беа вакцините против Ковид-19 и таканаречената вакцинска дипломатија.

Според него, Русија се обидува да ги дискредитира западните вакцини и нивните производители со пофалби за своите. Како пример ја наведе широко објавената информација од про-Кремљ медиумите дека по вакцинирањето со вакцината на Фајзер/БиоНТек, луѓето имале несакани ефекти, а некои дури и починале.

Во врска со неговата посета на Москва на почетокот на февруари, Борел рече дека на руските власти не им се допаднало кога тој се обидел да започне конструктивен дијалог.

– Тие не сакаа да зборувам за работи што не ги ценат – за човековите права и случајот Навални. Сведоци сме на намерна и координирана и изманипулирана кампања за дезинформации против Европската служба за надворешно работи, рече Борел.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Лавров: Зеленски стана нацист, а Европа сака борбите да продолжат

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва