Борел разговарал со шефот на кинеската дипломатија за Украина

Од:

Дипломатската служба на ЕУ информира попладнево дека високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, имал разговор со министерот за надворешни на Кина, Ванг Ји, јави дописничката на МИА од Брисел.

Борел го поздравил фактот што Кина не гласаше против резолуцијата во Обединетите Нации за осуда на руската инвазија на Украина, со што, смета ЕУ, Пекинг покажал поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на нациите, како и подготвеност на Кина да даде поддршка за прекин на војната.

Кина и ЕУ се согласиле дека мора да се спречи масовна хуманитарна катастрофа во Украина.

Шефот на ЕУ дипломатијата порачал дека воените дејствија мораат веднаш да престанат и се осврнал на фактот дека со овој конфликт Европа се соочува со највисокиот број на бегалци од втората светска војна наваму.

Европската Унија побарала поддршка од Кина за воспоставување на хуманитарни коридори за евакуација на цивилите.

Денеска Европската комисија, исто така, порача дека во Кина гледа потенцијален партнер кој може да влијае врз Русија за прекин на огнот, но за да може Кина да стане медијатор во овој конфликт ќе биде потребна согласност од Русија и од Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година