Борел: Повеќето земји вклучени во нуклеарните преговори со Иран се согласуваат со предлогот на ЕУ

Од:

Повеќето земји вклучени во нуклеарните преговори со Иран се согласуваат со предлогот на Европската Унија за спас на нуклеарниот договор од 2015 година, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

– Повеќето од нив се согласуваат, но сè уште немам одговор од САД, за што разбирам дека треба да разговараат и очекуваме да добиеме одговор оваа недела, рече Борел во интервју за шпанската национална телевизија ТВЕ.

Борел рече дека Иран побарал неколку прилагодувања на предлогот на ЕУ, кој не беше објавен во јавноста и следеше по 16-месечни непредвидливи, индиректни американско-ирански преговори со посредство на Европската Унија.

Вчера, тој рече дека го смета одговорот на Техеран „разумен“.

Иран преговара со петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН плус Германија и ЕУ за заживување на договорот од 2015 година, од кој поранешниот претседател Доналд Трамп се откажа во 2018 година и ги повлече САД.

Оттогаш, САД повторно воведоа строги санкции кон Иран, кој почна да ги крши границите за збогатување ураниум.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски