Борел: Европејците ќе ги решат односите меѓу Србија и Косово

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел изјави дека ЕУ нема да се смета за геополитичка сила доколку не го стабилизира Балканот и не ги реши односите меѓу Србија и Косово.

– Никој друг нема да го стори тоа, само Европејците, рече Борел во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Говорејќи за надворешната политика на ЕУ и настаните во регионот, Борел оцени дека Балканот бил „буре барут“ и дека ЕУ се соочува со најголемата задача – решавање на несогласувања и подобрување на безбедноста во тој дел од Европа.

Во интервјуто тој зборува и за другите предизвици со кои се соочува ЕУ.

– Во последните 10 месеци, нашето соседство е во во пламен, од Либија до Белорусија, изјави Борел во интервју за ФТ.  – Сите делови се вклопија многу полошо отколку што можев да предвидам, истакна тој.

Тој уште најави дека се очекува министрите од ЕУ на 21 септември да се договорат за санкции за белоруски функционери за местење на минатомесечните претседателски избори и за преземените акции против политичките противници. 

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски