Борел: ЕУ сè уште разговара за ембарго против Русија за нафта и гас

Од:

ЕУ сè уште нема донесено никакви одлуки за ембарго за нафта и гас против Русија, за таа можност сè уште се дискутира, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел на прес-конференција по денешното заседание на Советот на ЕУ во Луксембург.

Евентуалното откажување на ЕУ од нафта и гас од Русија нема да ја спречи руската армија во Украина, изјави Борел, пренесува Бгнес.

– Да немаме илузии: ако денес запрете да увезувате гас и нафта, во наредните недели тоа нема да ја запре руската армија, рече Борел.

Тој исто така нагласи дека ЕУ е подготвена да продолжи да обезбедува воена помош за Украина покрај веќе доделените 1,5 милијарди евра за оваа намена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел