Борел: Ако сакаме да ги решиме светските предизвици, ништо не правиме без Кина

Од:

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на денешната пленарна седница на Европскиот парламент рече дека „глобалните предизвици“ не можат да се решат без учество на Кина, но дека Унијата мора да инсистира на своите вредности.

– Не можеме да избегнеме соработка, но мора да бидеме цврсти во нашите вредности, рече Борел во дебатата на пленарната седница на Европскиот парламент за кинеските контрасанкции против европратениците и европските субјекти.

– Ние мора да соработуваме со Кина, имајќи предвид дека постои и системско ривалство затоа што нашите системи се различни, додаде тој.

Сепак, шефот на европската дипломатија истакна дека Кина е „клучен економски и политички играч со кој е потребна континуирана соработка“.

– Без Кина, глобалните проблеми не можат ефикасно да се решат – од борбата против климатските промени и пандемијата до пучот во Мјанмар, иранскиот нуклеарен договор или глобалниот баланс на силите, рече тој.

Европската унија на крајот на март воведе санкции против четворица кинески официјални лица и една државна компанија за вмешаност во кршење на човековите права на Ујгурите, муслиманско малцинство во најзападната кинеска провинција Синџијанг. Унијата немаше воведено санкции против Кина од масакрот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.

Пекинг одговори со воведување санкции за петмина европратеници, тројца членови на националните парламенти, двајца научници и четири европски ентитети. Пекинг ги обвини за „злонамерно ширење лаги и дезинформации за Кина“.

Воведени се санкции против Политичкиот и безбедносен комитет на Советот на Европската унија, Поткомитетот на Европскиот парламент за човекови права, Германскиот институт Меркатор за кинески студии и против Данскиот сојуз на демократии.

– На Кинезите им е тешко да разберат што значи слободно да се изразуваат парламентарците, рече Борел, изразувајќи „целосна солидарност“ со оние против кои Кина воведе санкции.

Пратениците, без оглед на поврзаноста со партиските пратенички групи, остро ги осудија кинеските контрасанкции.

Би можело да ве интересира

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Се зголеми кинескиот извоз