Борци на Ал Каеда осудени на смрт избегаа од затвор во Багдад

Од:

Дванаесет затвореници, меѓу кои и борци на Ал Каеда осудени на смрт, денеска избегале од затвор во Багдад, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на ирачката полиција.

Бегалците излегле преку прозорците на своите келии рано утринава и ги разоружале чуварите од две набљудувачки кули.

Според полициските податоци, сите избегани имале затворски казни за тероризам, а некои од нив очекувале да бидат егзекутирани.

Началникот на заштитата на затворот „Таџи“ го потврди бегството на 12-те затвореници. Тој изјави дека голем број чувари се уапсени и се распрашани дали им помагале на бегалците.

Бегствата од затвори не се реткост во Ирак. Во септември минатата година од затворот во Тикрит, родното место на Садам Хусеин, избега поголема група затвореници, а пред тоа во затворот имаше немири, во кои загинаа 12 лица, меѓу кои десетина чувари. Тогаш властите признаа дека бегството било спроведено со помош од внатре, потсетуваат агенциите.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади