Бондарјов: Турскиот авион бил во сирискиот воздушен простор

Од:

Турски борбен авион Ф-16 кој го собори рускиот бомбардер Су-24 се наоѓал во сирискиот воздушен простор 40 секунди додека рускиот авион не преминал на територија на Турција, изјави денеска главниот командант на ВВС на Русија, генерал полковник Виктор Бондарјов.

Тој рече дека турските „ловци“ поставиле заседа на небото за рускиот бомбардер.

– Според податоци од контролата турскиот авион во сирискиот воздушен простор се задржал 40 секунди, два километра во длабочина од нејзината територија, изјави Бондјаров.

Тој додаде дека откако се приближил до рускиот авион на оддалеченост од 5 до 7 илометри турскиот авион нагло свртел надесно и исчезнал од радарите. Испукувањето на ракета според него го потврдиле од другиот руски авион Су-24 чиј екипаж забележал бел чад.

Бондарјев нагласи дека турските ловци „поставиле заседа на небо“ за рускиот Су-24 и тоа била претходно планирана акција.

Тој вели дека за лет на Ф-16 од базата во Дијарбакир од состојба на дежурство на земја до местото на испукувањето на проектилот се потребни 46 минути, 15 за подготовка и полетување на авионот и уште 31 минута за да пристигне на местото на лансирање на ракетата.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска