Пет возила на активисти на палестинските движења Хамас и Исламски џихад од Газа, утрово беа цел на бомбашки напади, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на изјави на очевидци.
Полицијата во Појасот Газа, кој е под контола на Хамас, ги потврди нападите, но засега се воздржува од коментари околу тоа кој стои зад експозиите.
Според очевидци, бомбите биле поставени под возилата, кои биле паркирани пред домовите на нивните сопственици и сите екплодирале во период од 15 минути.
Три од автомобилите биле сопственост на припадници на вооруженото крило на Хамас, Бригадите „Изедин ал Касам“, а два на членови на Бригадите „Ал Кудс“, военото крило на Исламски џихад.
Хамас и Исламски џихад во последниве месеци се едни од редовните критичари на активностите на џихадисточките групи и пред се на Исламската држава.
Во мај годинава беше извршен напад врз база на вооруженото крило на Хамас, а во јуни и врз висок претставник на движењето. Одговорност за двата напади презеде група, која се нарекува Приврзаници на Исламската држава во Ерусалим.