Бомбардирањето на болницата во Кундуз „тешка човечка грешка“

Од:

Бомбардирањето на болницата во авганистанскиот град Кундуз, од американската авијација, претставува „тешка човечка грешка“, заклучи истрагата, што за овој инцидент ја спроведе армијата на САД.

Истрагата утврдила дека посадата на воениот авион „АЦ-130“ пукале и бомбардирале врз зградата на болницата, наместо да се насочат врз блиската владина зграда, која била освоена и под контрола на талибанците.

Во нападот од 3 октомври годинава, што траел 25 минути и во кој биле испукани дури 211 гранати, беа убиени најмалку 30 цивили.

Во болницата работеше медицински персонал на хуманитарната организација „Лекари без граници“ а меѓу жртвите има и лица кои беа вклучени во хуманитарната мисија.

Тешкиот инцидент се случи во време на офанзивата на авганистанските сили, на кои им помагаа силите на НАТО и американската авијација, во борбите за повторно преземање на Кундуз, што едно време се најде под контрола на талибанците.

Во првичната реакција на меѓународните сили, се тврдеше дека авионот нападнал откако врз него било пукано од нападнатиот објект (болницата), но подоцна беше признаена грешката, а армијата на САД отвори истрага.

Командантот на силите на НАТО и на американската војска во Авганистан, генерал Џон Кемпбел изјави во Кабул дека истрагата заклучила оти бомбардирањето било „директна последица на човечка грешка„.
Организацијата „Лекари без граница„ во својата првична реакција, соопшти дека инцидентот е „насилство врз правилата на војувањето“. Организацијата останува на своето барање за формирање „целосно независна и непристрасна“ истрага.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани го опиша инцидентот во Кундуз како „болна демонстрација на цента на војувањето“ и изрази надеж дека вакви грешки „може и треба“ да се спречат.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан