Болсонаро си замина од Бразил

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја напушти земјата, замина во Флорида, 48 часа пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Игнасио Лула да Силва, тврдејќи дека „ја загубил битката, но не и војната“. Претседателската функција сега ја има заменик-претседателот Хамилтон Мурао, пренесува Ројтерс.

Болсонаро изјави дека не сака да му ја предаде претседателската функција на Лула да Силва и ја доведе во прашање легитимноста на октомвриските избори на кои беше тесно поразен.

Пред да ја напушти земјата, тој преку социјалните мрежи имаше емотивно обраќање до Бразилците, потсети на клучните моменти од неговото претседателствување и ги повика приврзаниците да ја продолжат борбата.

Претседателот не објави каде ќе патува, но според веб-страницата „FlightAver“, која го следи воздушниот сообраќај, крајната дестинација на неговиот лет е Орландо, во американската сојузна држава Флорида.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд покрена истрага против Болсонаро за нередите во Бразил

Катерина Ѓуровски

САД: Не сме добиле официјално барање за екстрадиција на Болсонаро

Ана Ололовска

Болсонаро хоспитализиран во болница во Флорида

Ана Ололовска

Изборниот суд во Бразил ја одби жалбата на Болсонаро, сега ќе мора да плати казна

Болсонаро ги оспори резултатите од претседателските избори во Бразил

Болсонаро ги повика демонстрантите да продолжат со протестите

А1он