Болсонаро отпуштен од болница без операција

Од:

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро денеска соопшти дека е отпуштен од болница, каде беше примен пред три дена поради интестинална опструкција.

„Сега ме отпуштаат. Ви благодарам на сите“, напиша Болсонаро на Твитер, објавувајќи фотографија на која тој и лекарите се со палците нагоре, пренесуваат британските медиуми.

Болсонаро беше примен во болница во неделата откако добил болки во стомакот.

Медиумите подоцна објавија дека тој нема да мора да оди на операција бидејќи добро реагирал на лекувањето.

Бразилскиот претседател претходно изјави дека ова е негова втора хоспитализација „со истите симптоми“, откако беше избоден со нож за време на претседателската кампања во септември 2018 година.

Болсонаро во болница беше примен и во јули минатата година поради истите симптоми, кога, исто така, закрепна без операција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата