Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро жестоко го нападна пактот на ОН за миграции, и вети дека неговата земја ќе ја повлече од договорот.
Болсонаро на Твитер наведе дека сака да обезбеди имигрантите да ја пеат бразилската химна и да ја почитуваат бразилската култура.
Пактот на ОН отфрлува политика на масовни депортации и смета дека враќањето на мигрантите треба да биде последна мерка.
Бразилскиот претседател рече тој нема да одбие да им помогне на оние кои ја преминуваат границата, мислејќи на Венецуелците кои бегаат од кризата во својата земја. Во изминатите години десетици илјади луѓе од Венецуела дошле во Бразил.
Бразил исто така примал бегалци од Сирија и Либан, како и од Хаити, Боливија, Парагвај и Перу, кои биле во потрага по подобар живот.
Болсонаро тврди дека и Бразил и мигрантите би биле побезбедни ако земјата усвои сопствени прописи.
Бразилската Влада во заминување го потпиша пактот неколку недели пред инаугурацијата на Болсонаро на 1 јануари. Тој веднаш рече дека неговата Влада ќе се повлече од пактот.