Болсонаро ги повика демонстрантите да продолжат со протестите

Од:

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, кој загуби од левичарскиот претставник Луис Игнасио да Силва на неодамнешните избори, апелираше до илјадниците демонстранти незадоволни од изборните резултати да ја прекинат блокадата на патиштата и да најдат други начини на протест, притоа поздравувајќи ги собирите на кои се повикува на воена интервенција за негово останување на власт.

Демонстрантите вчера во Рио де Жанеиро побараа од армијата да го задржи Болсонаро, независно што веќе од неговата админстрација се испратени сигнали за подготвеност за трансфер на власта.

Болсонаро рече дека блокирањето патишта не е дел од „легитимните” протести и ги повика демонстрантите да изберат други начини на изразување на нивното незадоволство, јавува „Би-Би-Си“.

Поддржувачите на претседателот се собраа пред зградата на Источната воена команда во Рио де Жанеиро, не прифаќајќи ги изборните резултати според кои Болсонаро загуби од Да Силва во многу неизвесен и тензичен изборен натпревар, освојувајќи 49,1 отсто од гласовите на гласачите во вториот круг на изборите, во споредба со Да Силва кој освои 50,9 отсто.

Во меѓувреме бразилските возачи на камиони кои го поддржуваат Болсонаро продолжуваат да блокираат голем број патишта ширум земјата во знак на протест против неговиот изборен пораз, иако Врховниот суд им нареди да ја прекинат блокадата на снабдувањето со храна и гориво.

„Знам дека сте вознемирен. И јас сум. Но, мораме да ја држиме главата горе. Сакам да упатам апел, расчистете ги патиштата. Блокирањето на патиштата е спротивно на правото на слободно движење загарантирано со нашиот Устав“, изјави Болсонаро во видеото објавено синоќа на Твитер.

Тој сепак ги охрабри демонстрантите да изнајдат други начини да демонстрираат и ги поздрави различните собири за негова поддршка, вклучително и оние кои повикуваат на воена интервенција за негово задржување на власт.

Болсонаро завчера рече дека „ќе продолжи да ги исполнува сите обврски согласно Уставот“, но во кусото обраќање не го призна поразот, ниту пак ги оспори изборните резултати.

Шефот на Кабинетот на претседателот, Чиро Ногеира, изјави дека во име на Болсонаро ќе соработува со новите власти и оти чека преодниот тим на Лула да Силва да го започне трансферот на власта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Врховниот суд покрена истрага против Болсонаро за нередите во Бразил

Катерина Ѓуровски

САД: Не сме добиле официјално барање за екстрадиција на Болсонаро

Ана Ололовска

Болсонаро хоспитализиран во болница во Флорида

Ана Ололовска

Болсонаро си замина од Бразил

Изборниот суд во Бразил ја одби жалбата на Болсонаро, сега ќе мора да плати казна

Болсонаро ги оспори резултатите од претседателските избори во Бразил