Боливија: Властите делат за корона бесплатно лек против паразити

Од:

Официјални лица во боливискиот град Тринидад започнаа кампања за давање бесплатни дози на „Ивермектин“, лек против болести предизвикани од одредени видови на паразити, со цел борба против коронавирусот во сериозно погодената источна провинција на државата.

Властите ќе одат од куќа до куќа за да дистрибуираат околу 350.000 дози на лекот за жителите од регионот Бени, каде што Тринидад е главен град. Областа има 581 потврден случај и 41 смртни случаи од коронавирусот.

Министерството за здравство соопшти дека лекот може да се користи во согласност со соодветниот медицински протокол, но исто така и дека нема научни докази за неговата ефикасност во третманот на коронавирусот кај луѓето.

Во истражување на австралиски научници, откриено е дека „Ивермектин“ го убива коронавирусот за 48 часа во лабораториски услови, но и дека луѓе не биле тестирани во таа студија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска