Членовите на НАТО не се обврзани да им помогнат на САД и Израел во војна со Иран, изјави турскиот министер за трговија Омер Болат откако американскиот претседател Доналд Трамп им даде ултиматум на сојузниците да најдат решение за отворање на Ормутскиот теснец, пренесува „Еуроњуз“.
Трамп му достави ултиматумо на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на неговата посета на Вашингтон. Руте е таму за серија состаноци, вклучувајќи состанок зад затворени врати со американскиот претседател, како и со државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет.
И покрај привременото прекин на огнот договорено во вторник вечерта за враќање на сообраќајот, само ограничен број бродови успеаја да поминат низ теснецот. Коалицијата од околу 40 земји, претежно членки на НАТО плус Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, работеше на стратегија за обезбедување на водниот пат по завршувањето на конфликтот. Но, Трамп инсистира на итно решение кое би вклучувало распоредување на воени средства и поморски сили.
Турскиот министер за трговија, Омер Болат, во разговор за „Еуроњуз“, ја нагласи одбранбената природа на алијансата.
– НАТО е првенствено присутен како средство за одвраќање за одржување на мирот и безбедноста на европскиот континент, но и во светот, рече Болат.
На прашањето дали членките на НАТО имаат право да го потсетат Трамп дека алијансата е одбранбена природа и дека не била вклучена во планирањето на конфликтот, Болат одговори: „Да“.
Членките на НАТО претходно ги отфрлија повиците на САД за поддршка на воена кампања во Иран, велејќи дека не биле консултирани пред нападот. Тие, исто така, ја потврдија одбранбената природа на алијансата и ги отфрлија тврдењата на Белата куќа дека се обврзани да интервенираат заедно со САД.
