Бокова: Уништувањето на древниот град Нимруд воено злосторство

Од:

Генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова, оцени дека уништувањето на културното наследство, какво што несомнено е древниот ирачки град Нимурд, е еднакво на воено  злосторство.

Бокова во денеска објавеното соопштение ги повика луѓето низ светот, „особено младите“, да го заштитат „наследството на целото човештво“.

Ирачката Влада соопшти дека екстремистите од Исламска држава со булдожери го уништиле древниот град Нимурд, на север од Ирак.

Бокова го осуди овој „културен хаос“ и додаде дека ги алармирала и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и обвинителите на Меѓународниот кривичен суд, пишуваат американските медиуми.

Нимурд се смета за едно од најзначајните археолошки откритија на 20. век.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам

Костадиновска Стојчевска: Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување

Влада: Зачуван е престижниот статус на Охридскиот Регион на листата на УНЕСКО