Боко Харам зазеде уште еден град во североисточна Нигерија

Од:

Исламистичката терористичка организација Боко Харам зазеде уште еден град во североисточна Нигерија, проширувајќи ја својата контрола во регионот, соопшти ДПА, повикувајќи се на локалниот весник „Дејли траст“.

Тешко вооружените бунтовници на Боко Харам, маскирани како трговци и со скриено оружје во кутии со трговски стоки, упаднале во градот Дамасак, во државата Борно. Градот го зазеле вчера, по жестоките борби со нигериските војници. Засега не се знае бројот на жртви, но според локалните власти во судирите имало десетица убиени лица.

Нигериските војници, со дел од наслението, побегнале од градот и засолниште побарале во соседен Нигер.

Минатата недела исламистите од Боко Харам убија околу сто лица, во одделните напади врз градовите Мафа и Кукава, во државата Борно.

Од почетокот на годината тие во северниот дел на Нигерија убиле над 3.000 лица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он