„Боинг“ се согласи да плати 6,6 милиони долари казна за непочитување на безбедноста

Од:

Американската Федерална администрација за воздухопловство (ФАА) соопшти дека компанијата „Боинг“ се согласила да плати казна од 6,6 милиони американски долари откако регулаторот утврдил дека таа не го испочитувала договорот за безбедност од 2015 година.

Казната вклучува 5,4 милиони американски долари за непочитување на договорот во кој „Боинг“ се согласил да ги промени своите внатрешни процеси за да се подобри и да даде приоритет на усогласеноста и 1,21 милиона долари во два други случаи.

-„Боинг“ не ги исполни сите свои обврски од договорот за спогодување, врз основа на што ФАА ги вклучи и дополнителните пенали, рече администраторот на ФАА, Стив Диксон.

Компанијата, која во 2015 година плати 12 милиони долари како дел од спогодбата, засега не излезе со коментар на новата казна.

Би можело да ве интересира

Боинг укинува 17.000 работни места, ја одложува испораката на 777X

Вработените во авиокомпанијата Боинг стапија во штрајк за прв пат по 16 години

ВИДЕО: Нов инцидент со авион на Боинг, опасно слетување во Истанбул

Почина уште еден „свиркач“ од „Боинг“ – беше отпуштен откако предупреди за безбедносни пропусти на „737 MAX“

Нов инцидент: На „Боинг 737“ му отпадна дел од крило за време на лет

Горан Наумовски

Авион ненадејно „падна“ на сред лет за Нов Зеланд, повредени се десет патници

Горан Наумовски