Боинг може да го преименува авионот „737 Макс“

Од:

Боинг ќе го смени името на авионите од типот „737 Макс“ поради ризици по својата репутација, изјави во интервју за „Блумберг“ Крег Смит, финансиски директор на компанијата.

– Работиме на тоа да сториме се што е потребно за да ја обновиме репутацијата, и ако треба ќе го смениме и брендот, изјави тој.

Како што се укажува, раководството на компанијата се уште нема донесено конечна одлука да се откаже од зборот „Макс“ во името на авионите. Таквата одлука би била погазување на досегашната работа на компанијата која се стремеше зборовите „Макс“ и „Дримлајнер“ да бидат симбол за препознатливост на брендот кај туристите.

Моментално летовите на Боинг „737 Макс“ се забранети откако два авиона од овој тип се урнаа во временски рамки од неколку месеци. Едниот авион доживеа катастрофа лани во октомври во Индонезија, а другиот годинава во март во Етиопија, при што загинаа вкупно 346 луѓе.

Резултати од истрагата покажуваат дека постои сличност во причините за катастрофите. Боинг призна дека патничките авиони можеле да се урнат поради грешка во системот МКАС за помош на пилотите во управување со авионот. Компанијата подоцна објави дека започнала со обнова на компјутерска програмата за управување со Боинг „737 Макс“.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Боинг укинува 17.000 работни места, ја одложува испораката на 777X