Блумберг се откажа од претседателската трка во САД

Од:

Американскиот милијардер, Мајк Блумберг се повлече од трката за номинација за претседателски кандидат од редовите на Демократската партија и поддршката ја даде на поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Блумберг, кој вложи над  500 милиони долари од своето богатство во кампањата, се повлече од трката по разочарувачката завршница на „Супер вторникот“, кога победи само на територијата на Американска Самоа. На вчерашните избори Блумберг освои само 27 делегати, додека Џо Бајден доби најмалку 337 делегати.

Берни Сандерс пак, победи во таканаречените „бојни полиња“, државите Калифорнија и Тексас што даваат над 640 делегати вкупно (Калифорниjа како најнаселена дава 415 делегати).

Со овој успех, сенаторорт од Вермонт може да освои најмалку една третина од вкупно потребниот број на делегати (1.991) и со тоа да биде поблиску до номинацијата.

Би можело да ве интересира

Русија досега врз Украина истрелала проектили вредни 7,5 милијарди долари објави Форбс

Катерина Ѓуровски

Блумберг: ЕУ разгледува план за задолжување заради финансирање на одбраната и купување енергенси

А1он

Блумберг: ЕУ исклучува седум руски банки од СВИФТ

А1он

Блумберг: Самит на Г-7 на 24 февруари посветен на кризата во Украина

А1он

Блумберг: Европа годинава за енергија ќе потроши рекордни еден трилион долари

А1он

Блумберг: Расте веројатноста од распад на САД

А1он