Блумберг: Европа годинава за енергија ќе потроши рекордни еден трилион долари

Од:

Европските земји во 2022 година за приоритетните енергетски ресурси ќе потрошат рекордни за последнава декада еден трилион долари, соопшти Блумберг, повикувајќи се на извештај на „Ситигруп“.

Според агенцијата, причина за овие трошоци ќе бидат повисоките цени на загревање и електрична енергија во регионот, откако хиперинфлацијата врз цените на гасот и струјата ги погоди домовите и фабриките ширум континентот.

-Гасот и електричната енергија стануваат прескапи. Потрошувачите и производителите во регионот можеби ќе треба да донесат тешки одлуки за потрошувачката на енергија, изјави аналитичарот на „Ситигруп“, Аластер Сајм.

Додека претходните пикови во голем степен главно беа условени од зголемувањето на цените на нафтата, овојпат станува збор за трошоци за греење и снабдување со сè, од домовите до транспортот и големите индустриски постројки, што ќе помогнат да се намалат емисиите на јаглерод.

Се проценува дека цените на природниот гас во Европа во последната година се пораснати за повеќе од 3,5 пати, а со тоа и цената на електричната енергија, со оглед на важноста на природниот гас во производство на електрична енергија.

Според Блумберг, природниот гас моментално покрива четвртина од енергетските потреби на Европа.

Европа есеноска доживеа енергетска криза, кога цените на гасот пораснаа на над 1.000 долари за 1.000 кубни метри. На 21 декември, за првпат во историјата, цената на гасот на европската берза ја надмина границата од 2.000 долари за 1.000 кубни метри, среде почетокот на студените и невообичаено ниски резерви на гас во подземните складишта во Европа.

Би можело да ве интересира

Русија досега врз Украина истрелала проектили вредни 7,5 милијарди долари објави Форбс

Катерина Ѓуровски

Блумберг: ЕУ разгледува план за задолжување заради финансирање на одбраната и купување енергенси

А1он

Блумберг: ЕУ исклучува седум руски банки од СВИФТ

А1он

Блумберг: Самит на Г-7 на 24 февруари посветен на кризата во Украина

А1он

Блумберг: Расте веројатноста од распад на САД

А1он

Блумберг: Доколку продолжи со ова темпо на вакцинација, пандемијата во Македонија ќе заврши во 2031 година

Искра Манојлоска