Блумберг: Берлин подготвува финансиска помош за Гаспром Германија

Од:

Германската Влада подготвува помош во вредност од пет до 10 милијарди евра за Гаспром Германија, национализираната поранешна подружница на рускиот гасен гигант Гаспром, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на свои извори.

Помошта би можела да биде одобрена веќе во текот на оваа недела, а државната развојна банка KfW ќе биде во улога на заемодавач, пишува американската агенција.

Разговорите се во тек и плановите сепак би можеле да се променат, додава Блумберг.

Запрашан да го коментира извештајот на Блумберг, портпаролот на Bundesnetzagentur (БНА), германскиот енергетски регулатор, изјави: „Ние не учествуваме во шпекулации“.

– Сите во БНА работат интензивно за да обезбедат Гаспром Германија да продолжи да работи откако агенцијата ја презеде функцијата менаџер на 4 април, додаде портпаролот.

Гаспром се повлече од сопственоста на германската подружница, а владата последователно назначи менаџер кој ќе обезбеди снабдување со гас. БНА треба да управува со компанијата до септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја намали испораката на гас за Европа следната недела

Горан Наумовски

„Газпром“ се закани со прекин на транзитот на гас низ Украина

А1он

Гаспром: Од гасоводот истече гас колку што и треба на Данска за три месеци

Ана Ололовска

Руски Гаспром ќе му ја прекине испораката на гас на главниот сојузник Кина поради годишно одржување

А1он

„Газпром“: Згаснатата компресорска станица на „Северен тек – 1“ не е безбедна- нема испорака на гас за Германија

Драстичен скок на цената на гасот во Европа

А1он