Русија се закани дека ќе ја намали испораката на гас за Европа следната недела

Од:

Руската државна компанија за гас „Газпром“ вечерва се закани дека би можела да го прекине снабдувањето со гас во Европа веќе следната недела, пренесува „Гардијан“. Во соопштението Газпром го обвинува Киев дека ја попречува испораката на 52,52 милиони кубни метри гас наменет за Молдавија.

„Количината на гас обезбедена од Гаспром за транзит кон Молдавија преку Украина е поголема од физичката количина што ја премина границата на Украина и Молдавија“, објави Гаспром во соопштението, додавајќи дека „од понеделник, 28 ноември, ќе започне со намалување на снабдување со гас доколку транзитот продолжи“.

Да потсетиме, украинскиот гасовод е последниот преостанат гасовод преку кој рускиот гас сè уште стигнува до Западна Европа, откако Гаспром го прекина снабдувањето со гасоводот Северен тек 1. Украина негираше дека ја блокирала испораката на гас, велејќи дека целиот договорен гас до Молдавија е уредно пренесен.

Би можело да ве интересира

Путин: Украина се уште добива пари од Русија за транзит на руски гас во Европа

Владата преговара со Американци кои треба да инсталираат гасни постројки во РЕК Битола

Орце Костов

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска

Унгарија потпиша нов енергетски договор со Русија

Молдавија повеќе не добива руски гас

ЕСМ за март ќе набави гас од Макпетрол по цена од 60,10 евра