Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Од:

Шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен, денеска изјави дека „терористите“ на Работничката партија на Курдистан (ПКК) се одговорни за смртта на 13-те турски заложници во Ирак.

-Државниот секретар на САД изрази сочувство за смртта на турските заложници во северен Ирак и потврди дека терористите на ПКК се одговорни за тоа, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Нед Прајс.

Прајс додаде дека државниот секретар денеска разговарал со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Турските власти денеска ја осудија претходната реакција на американските власти во која експлицитно не беа поддржани обвинувањата на Турција кон ПКК.

Турција денеска ја обвини ПКК за убиството на 13-те Турци. ПКК, која од Турција е означена како терористичка организација, ја потврди смртта на групата затвореници, но ја отфрли верзијата на Анкара. Курдските сили тврдат дека затворениците биле убиени во турските воздушни напади.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар