Блинкен во посета на Катар, посредник во разговорите со талибанците

Од:

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен синоќа пристигна во Катар, земја која стана главен соговорник на талибанците, кои ја преземаа власта во Авганистан кон средината на август.

Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска треба да разговараат со претставници на Катар за ситуацијата во Авганистан и можната хуманитарна криза, која ќе бара мобилизација на меѓународната заедница.

По Катар, Блинкен ќе ја посети воената база Рамштајн во Германија, каде што се наоѓаат неколку илјади евакуирани Авганистанци.

Блинкен ќе биде копретседавач на виртуелната средба за Авганистан заедно со неговиот германски колега Хајко Мас.

Остин, пак, по Катар, ќе ги посети Бахреин, Кувајт и Саудиска Арабија.

Катар стана клучен играч за авганистанското прашање, во улога на неутрален и влијателен посредник.

Земјата започна преговори со талибанците во 2013 година, на барање на тогашниот американски претседател Барак Обама.

Потоа ги поздрави преговорите завршени во 2020 година меѓу САД за време на Доналд Трамп и талибанците.

Катар прими повеќе од 55.000 авганистански бегалци, од кои многумина се сместени во американска база во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Блинкен: САД воспоставија директен контакт со сириската фракција Хајат Тахрир ал-Шам

Зошто талибанците од Авганистан се радуваат на падот на Асад

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања