Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека САД не сакаат операциите на израелската армија во Либан да се претворат во долгорочна воена кампања.

„Израел мора да ги преземе неопходните чекори за да избегне цивилни жртви и да не ги загрозува мировниците на ОН или либанските вооружени сили“, рече Блинкен во Доха на заедничката прес-конференција со премиерот на Катар Мохамед Ал Тани.

Блинкен истакна дека САД „интензивно работат“ на дипломатско решение што ќе им овозможи на цивилите од двете страни на границата да се вратат дома, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Сирија: Израел изврши повеќе од 100 воздушни напади денеска

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Амнести интернешнал го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Газа

Израелска армија уби тројца членови на Хамас на северот на окупираниот Западен Брег

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари