Блинкен: САД воспоставија директен контакт со сириската фракција Хајат Тахрир ал-Шам

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека САД имале директен контакт со бунтовничката фракција Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која ја предводеше операцијата со која беше соборен сирискиот претседател Башар ал Асад.

По состанокот со министрите за надворешни работи на арапските земји и Турција во Јордан, Блинкен рече дека е постигнат договор за заедничка изјава со која се прокламираат принципите што другите земји сакаат да ги видат во политичката транзиција во Сирија, пренесува Ројтерс.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека постои широк консензус меѓу регионалните партнери дека новата сириска влада мора да биде инклузивна, да ги почитува правата на жените и малцинствата, да го отфрли тероризмот и да обезбеди и уништи сомнителни залихи на хемиско оружје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права

Ердоган: Мора да бидеме подготвени на сите сценарија

Лавров: Русија ќе бара безусловно укинување на сите санкции за Сирија