Блинкен „виртуелно“ ќе ги посети Мексико и Канада

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утре заминува во „виртуелна посета“ на Канада и Мексико, соопшти Стејт департментот, посочувајќи дека ваквото патување ги става во преден план здравјето и безбедноста на сите присутни, а го демонстрира значењето на партнерството со нашите соседи и едни од најблиските партнери.

Стејт депертмент наведе дека Блинкен ќе остане во Вашингтон, каде преку видеоконференција ќе има средба со министрите за надворешни работи и за здравство, Марсел Ребрар и Татјана Клотиер.

-На средбите ќе се дискутира за нашита билатерални односи, заедничката безбедност, предизвиците, регионалната миграција и др. Се предвидува и посета на државниот секретар на граничниот премин Пасо дел Норте што ги поврзува Ел Пасо, Тексас и Сиудад Хуарез, Мексико, се вели во соопштението

По Мексико, Блинкен ќе има слична средба и со канадските власти.

-Во текот на својата посета, државниот секретар ќе ги истакне резултатите од средбата на претседателот Џо Бајден со премиерот Џастин Трудо, вклучувајќи ја договорената американско-канадската патна карта.

Блинкен ќе се сретне со премиерот Трудо, министерот за надворешни Марк Гарно и други членови на кабинетот.

Тие ќе дискутираат за заемните приоди на глобалните предизвици како заштита на американските и канадските граѓани од пандемијата и обнова на економиите, активности против климатските промени, за човековите права во западната хемисфера и насекаде во светот и засилување на заедничката одбрана и безбедност, се вели во денешното соопштение на Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Планирал да го нападне Еврејскиот центар во Њујорк, одбрал симболичен датум

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Мртви и ранети во оружен инцидент во училиште во Џорџија

ВИДЕО: „САД се болни и расипани, затоа Господ ме спаси“