Блинкен в сабота во Германија на состанок на министрите за надворешни работи на НАТО

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен в сабота ќе отпатува за Германија на состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, каде што ќе разговараат за заеднички одговор на конфликтот во Украина, соопшти денеска Стејт департментот.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ги поканила министрите на неформален состанок во Берлин минатиот месец.

Блинкен, исто така, ќе отпатува во Париз в недела, на 15 мај, со американската трговска претставничка Кетрин Тај и секретарката за трговија Џина Рејмондо на вториот министерски состанок на американско-европскиот совет за трговија и технологија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис