Блинкен: Украинците имаат план за „континуитет на владата“ доколку Зеленски биде убиен

Од:

Украинците имаат план за „континуитет на владата на еден или друг начин“, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски биде убиен, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во денешното интервју за Си-Би-Ес.

„Украинците имаат планови, за кои нема да зборувам или да навлегувам во какви било детали, за да се осигураат континуитет на владата на овој или оној начин, и толку ќе кажам на таа тема, рече Блинкен. .

Американскиот државен секретар, исто така, му даде комплимент на Зеленски за неговото „лидерство“ во оваа криза.

– Лидерството што го покажа претседателот Зеленски, што го покажа целата влада е извонредно. Тие се олицетворение на овој неверојатно храбар украински народ, рече Блинкен.

Би можело да ве интересира

Oблачно со услови за дожд

Здружението „Лесја Украинка“ со марш во центарот на Скопје ја опдбележа третата годишнина од руската инвазија врз Украина

ВИДЕО: „Три години херојски отпор“, Зеленски објави порака на годишнината од војната

ВИДЕО: Нападната рафинерија во Русија, предизвикан пожар

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

ВИДЕО: Пред точно три години Путин ја почна војната против Украина, светот влезе во нова ера