Блинкен разговараше со колегата Тилеубарди, руските падобранци пристигнаа во Казахстан

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со неговиот казахстански колега Муктар Тилеуберди за вонредната состојба во оваа централноазиска земја, соопшти Стејт департментот.

„Државниот секретар го повтори ставот дека САД им даваат целосна поддршка на уставните институции на Казахстан и слободата на медиумите и се залагаат за мирно решение на кризата врз основа на човековите права“, соопшти Стејт департментот, пренесоа британските медиуми.

Поради поскапувањето на горивата за време на нобогодишните празници во Казахстан избувнаа немири, а претседателот на оваа земја Касим Жомарт Токаев побара помош од сојузниците од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), па во земјата веќе се испратени мировни сили на органзиацијата, меѓу кои и од Русија.

Првите единици на рускиот контингент на мировните сили на ОДКБ попладнево пристигнаа во Казахстан со воен транспортен авион, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе Тасс.

Министерството соопшти дека единиците на 45-та специјална бригада на воздухопловните сили биле испратени од постојаната база до аеродромот Чкаловски.

Авионот на руските воздухопловно-вселенски сили и транспортната авијација испратија припадници на Воздухопловните сили во Казахстан, како дел од ОДКС, соопшти претходно Секретаријатот на оваа организација.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Путин ја уништи Украина, Русија мора да плати

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Блинкен: Имаме докази дека Кина се обидува да се меша во нашите претседателски избори

Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил

Блинкен не можеше да се врати од Давос поради истекување на кислород во авионот

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот