Блинкен: Намерата на Кремљ да ја затвори организацијата „Меѓународен Меморијал“ е нов напад на слободата на говорот во Русија

Од:

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, ги обвини руските власти за нов обид за ограничување на слободата на говорот во Русија, а е поврзан со намерата на Кремљ да ја затвори „Меѓународен Меморијал“, најпочитуваната и најавторитетна организација за заштита на човековите права во земјата.

Власта во Москва ја обвинија „Меѓународен Меморијал“ за нарушување на таканаречениот закона за „странски агенти“.

-Тужбите на руските власти за затворање на „Меѓународен Меморијал“ и центарот за човекови права „Меморијал“ е уште еден напад на слободата на говорот. Русија треба да престане со судските процеси и да запре со злоупотребата на своите закони за „странски агенти“ за прогон, стигматизација и задушување на гласот на граѓанското општество, се вели во твит испратен викендов од Блинкен.

Минатата недела стана извесно дека државното обвинителство на Русија поднело тужба до Врховниот суд за ликвидација на „Меѓународен Меморијал“. Официјалната одлука на органот е заснована на тоа дека организацијата систематски ги нарушувала законите за странски агенти, со тоа што наводно не ги обележувала своите материјали согласно законот.

Ова го пренесе самата организација. Судското рочиште е закажано за 25 ноември.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски