Блинкен: Кина донела одлука да ги засили притисоците врз Тајван

Од:

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, посочи дека Кина проценила оти актуелното „статус-кво“ по однос тајванското прашање „повеќе не е прифатливо“ и оти е потребно да ги зајакне своите притисоци врз Тајван.

Во своето обраќање пред учесниците на собир организиран од агенцијата „Блумберг“ Блинкен рече дека САД не се во студена војна со Кина, но се решителни во заштитата на своите интереси.

Шефот на американската дипломатија рече дека Вашингтон ја цени помошта на Саудиска Арабија за Украина и нејзиниот глас во ОН против руската анексија украински територии, но истовремено истакна дека тоа не е доволна компензација за поддршката што Ријад ја даде на одлуката на „ОПЕК+“ за намалување на дневното производство нафта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Силен земјотрес во Тајван