Блинкен ја прогласи Германија за „најдобар пријател на САД“

Од:

САД немаат подобар пријател од Германија, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен на своето прво патување во Берлин по стапувањето на должноста.

– Мислам дека е чесно да се каже дека САД немаат подобар партнер, подобар пријател во светот од Германија, истакна тој на прес-конференција со канцеларката Ангела Меркел, поздравувајќи ја идејата за „заеднички вредности и интереси“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, од своја страна, ја поздрави средбата на рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден во Женева на 16 јуни.

– Верувам дека најдовме заеднички јазик со САД не само за идентификување на геополитичките предизвици, туку и за договарање заеднички активности. Тоа се однесува на Русија, тоа се однесува на Кина, како и на прашањата какви сојузи можеме да создадеме, кои се нашите интереси, рече таа на прес-конференција пред разговорите во Берлин со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Мислам дека и покрај сите несогласување, треба да одржуваме отворени канали за дијалог, јасно да ги идентификуваме нашите позиции и интереси, а потоа да видиме какви коридори за решение ќе се појават, изјави германската канцеларка.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Авионот на Блинкен приземјен поради дефект, тој продолжил кон Брисел со автомобил

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис